• недела, 28 јули 2024

Невреме во Сибир, четворица загинати, околу 264.000 луѓе без струја

Невреме во Сибир, четворица загинати, околу 264.000 луѓе без струја

Кемерово, 20 ноември 2023 (МИА) - Најмалку четири лица загинаа во ураганот што го погоди Сибир, соопшти Истражниот комитет за Кемеровската област.

Според податоците на Министерството за енергетика, околу 264.000 жители на Сибир останале без струја поради ураганот, објави Комерсант.

Во градот Новокузњецк во западен Сибир беше прогласена вонредна состојба откако беа оштетени 47 покриви на станбени згради, 30 автомобили и 45 инфраструктурни објекти.

Градоначалникот Сергеј Кузњецов рече дека се паднати повеќе од 200 дрвја.

Во Новокузњецк денеска ќе бидат затворени училиштата и градинките.

На територијата на Алтај три лица се повредени и хоспитализирани, соопшти Министерството за вонредни ситуации. 

Фото: Скриншот

 

 

Остани поврзан