• вторник, 24 декември 2024

Невработеноста во Италија на најниско ниво

Невработеноста во Италија на најниско ниво

Рим, 5 јули 2024 (МИА) - Стапката на невработеност во Италија во мај изнесувала 6,8 отсто, исто како и во април, што значи дека и понатаму е најниска во последните 16 години, објави Италијанскиот институт за статистика (Истат).

Во Италија во мај се регистрирани 1,75 милиони невработени лица, приближно исто како и во април, додека бројот на вработени е намален за 16 илјади на 23,95 милиони, а зголемен е бројот на лица кои не се активни на пазарот на трудот, се наведува во извештајот, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Невработеноста кај младите меѓу 15 и 24 години во Италија се зголемила за 0,1 отсто до 20,5 отсто во мај, пренесува Capital.ba.

Минатиот месец Истат објави прогноза во која се наведува дека италијанската економија годинава ќе порасне за еден процент, а следната година за 1,1 отсто.

Како што се наведува, растот на домашната и странската побарувачка од по 0,7 отсто ќе го поддржи напредокот на италијанската економија. Таа ќе расте во следниот период пред се благодарение на растот на домашната побарувачка од 0,9 отсто.

Од Истат соопштија дека поради геополитичките тензии, се уште постои голема неизвесност во меѓународната рамка, што може да влијае на растот на бруто домашниот производ (БДП) на Италија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан