• понеделник, 23 декември 2024

Небезбедна серија на сок од брендот ХИПП се повлекува од пазарот

Небезбедна серија на сок од брендот ХИПП се повлекува од пазарот
Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Од пазарот се повлекува небезбедна серија од Органски био сок од јаболко од брендот ХИПП. Се повикуваат потрошувачите кои го имаат купено посочениот производ истиот да не го употребуваат, односно да го вратат на местото каде е купен, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. - Врз основа на нотификацијата која преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја доби вчера во доцните попладневни часови, утрово, врз основи на извршена вонредна инспекциска контрола, на компанијата увозник и издаде решение и забрани пуштање во промет на небезбеден производ - Органски био сок од јаболко, во пакување од 0,2 литри, со лот А98967,од брендот HIPP, со рок на траење 31.10.2023 година. Повлекувањето, како што е истакнато во РАССФ нотификацијата, се врши поради детектирана опасност од присуство на туѓо тело, стои во соопштението од АХВ. Оттаму дополнуваат дека бидејќи како небезбедна се смета целата серија од овој производ, на увозникот му е наредено да изврши и повлекување/отповикување на овој производ со наведениот лот од прометот. ар/аа/  

Остани поврзан