• сабота, 16 ноември 2024

Ндика ја напушти болницата „без срцева патологија“

Ндика ја напушти болницата „без срцева патологија“

 

Удине, 15 април 2-24 (МИА) – Дефанзивецот на Рома, Еван Ндика (24), кој колабираше на теренот поради болки во градите на натпреварот против Удинезе во неделата, ја напушти болницата во Удине.

„Новите прегледи покажаа дека тој не боледува од срцева патологија“, соопшти вечерва неговиот клуб.

Ндика колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш влезе на теренот, опремена со дефибрилатор, кој не беше употребен. Фудбалерот од Брегот на Слонова коска беше изнесен на носилки, во свесна состојба и веднаш беше пренесен во локалната болница, а натпреварот прекинат.

- На првиот и вториот степен на кардиолошки прегледи кои беа извршени не е откриена срцева патологија. Со оглед на последните прегледи направени во понеделник наутро, клиничката слика е компатибилна со градна траума со минимален лев пневмоторакс. Нови прегледи ќе бидат направени подоцна во Рим“, соопшти Рома.

Дуелот беше прекинат при резултат 1-1, а италијанската лига до крајот на неделата мора да го објави датумот на завршување на натпреварот кој е важен за двете екипи. Рома е во трка за пласман во Лигата на шампионите, а Удинезе се бори за опстанок во Серија А. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан