• среда, 25 декември 2024

НБА ја укина суспензијата на Грин кој пропушти 12 натпревари

НБА ја укина суспензијата на Грин кој пропушти 12 натпревари

Вашингтон, 7 јануари 2024 (МИА) - Дрејмонд Грин доби дозвола од НБА да се врати на теренот, ова информација денес ја соопшти прес-службата на лигата. 

Кошаркарот на Голден Стејт вориорс беше суспендиран на неодредено време бидејќи го удри во лица играчот на Феникс санс Јусуф Нуркиќ.

Триесет и тригодишниот Грин ги пропушти последните 12 натпревари на Голден Стејт по инцидентот со Нуркиќ на 12 декември и се очекува по некое време да се врати во оптимална состојба.

- Грин презеде чекори кои ја покажуваат неговата посветеност да го усогласи своето однесување со стандардите што се очекуваат од играчите во НБА. Тој се сретна со психолог и одржа повеќе заеднички состаноци со претставници на НБА, Вориорс и синдикатот на играчи, кои ќе продолжат во текот на целата сезона, се вели во соопштението на НБА.

Грин пред посочениот инцидент имаше други поголеми испади, па затоа НБА се одлучи на таква ригорозна казна. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан