• сабота, 27 јули 2024

НБА Ол-стар натпреварот во 2027 година може да се игра во Феникс

НБА Ол-стар натпреварот во 2027 година може да се игра во Феникс

Вашингтон, 27 февруари 2024 (МИА) - Ол-стар натпреварот во НБА во 2027 година би можел да се одржи во Феникс, објави инсајдерот на Атлетик, Шамс Чаранија.

Раководството на најсилната кошаркарска лига на светот сериозно ја разгледува можноста настанот да се одржи во „Фотпринт Центарот“, кој е дом на Феникс санс.

НБА Ол-стар натпреварот годинава се одржа во Индијана. 

Дуелот на ѕвездите од НБА во 2025 година ќе се одржи во Сан Франциско, а во 2026 во Лос Анџелес. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан