• четврток, 29 август 2024

НБА ги избра најдобрите дефанзивни петорки

НБА ги избра најдобрите дефанзивни петорки
Вашингтон, 15 јуни 2021 (МИА) - НБА ги објави двете најдобрите дефанзивните петорки за сезоната 2020/21. Во најдобрата одбранбена петорка се најдоа: Јанис Адетокумбо (Милвоки), Руди Гобер (Јута), Дрејмонд Грин (Голден Стејт), Дру Холидеј (Милвоки) и Бен Симонс (Филаделфија). Гоберт и Симонс добија максимален број поени на гласањето. Тие беа едногласно избрани во првиот дефанзивен тим од сите 100 претставници на медиумите. Во втората одбранбена петорка избрани се следниве кошаркари: Бам Адебајо (Мајами), Џими Батлер (Мајами), Џоел Ембид (Филаделфија) Кави Ленард (Клиперс) и Матис Тибул (Филаделфија). Претходно, Руди Гоберт од Јута ја доби титулата најдобар дефанзивен играч во сезоната по трет пат во последните четири години. зс/

Остани поврзан