• недела, 25 јануари 2026

НБА: Антетокумпо најмалку еден месец надвор од теренот поради повреда

НБА: Антетокумпо најмалку еден месец надвор од теренот поради повреда


Њујорк, 24 јануари 2026 (МИА) – Кошаркарот на Милвоки и двократен освојувач на признанието најкорисен играч (МВП) во НБА лигата, Јанис Антетокумпо, објави денеска дека ќе отсуствува од четири до шест недели поради истегнување на десната потколеница.
Антетокумпо им ја соопшти информацијата на новинарите по поразот од Денвер (100:102), во кој реализираше 22 поени, 13 скокови и седум асистенции.
Грчкиот крилен центар оваа сезона има просек од 28 поени, 10 скокови и 5,6 асистенции за Милвоки, кој по петтиот пораз во последните шест натпревари е на 11. место на табелата во Источната конференција со ефект од 18 – 26. ег
ФОТО: Архива

Остани поврзан