• среда, 25 декември 2024

На 28 мај во Турција ќе се одржи втор круг од изборите - претседател ќе се бира меѓу Ердоган и Киличдароглу

На 28 мај во Турција ќе се одржи втор круг од изборите - претседател ќе се бира меѓу Ердоган и Киличдароглу

Анкара, 15 мај 2023 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за нов мандат во вториот круг од изборите ќе се бори со лидерот на опозицијата, Кемал Киличдароглу, соопшти денеска турската државна изборна комисија.

Како што пренесуваат американските медиуми, претседателот на Врховниот избирачки одбор, Ахмет Јенер, изјави дека ниту еден од кандидатите нема да освои апсолутно мнозинство на вчерашниот прв круг од претседателските избори, дури и кога ќе се пребројат преостанатите 35.874 гласови од странство.

Според прелиминарните резултати, Ердоган освои 49,51 отсто, Киличдароглу го зазеде второто место со 44,88 отсто, а трет Синан Оган со 5,17 отсто, рече Јенер.

-Доколку сите непреброени гласови беа за Ердоган, тој ќе имаше 49,54 отсто, додаде Јенер.

Вториот круг од изборите во кој влегоа Ердоган и Киличдароглу ќе се одржи на 28 мај. сд/

 

Остани поврзан