На „Тиквешки гроздобер“ над триесет официјални штандови, ќе се нуди само вино и други производи од грозје
- На повеќе од триесет официјални штандови за време на традиционалната стопанско - културна и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, од страна на алкохол, ќе се нуди само вино, но и други производи од грозје, сокови и вода, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на седница на Совет на општината.

Кавадарци, 29 август 2023 (МИА) - На повеќе од триесет официјални штандови за време на традиционалната стопанско - културна и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, од страна на алкохол, ќе се нуди само вино, но и други производи од грозје, сокови и вода, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на седница на Совет на општината.
- Ова е така, бидејќи станува збор за манифестација во чест на гроздоберот и редно е да се промовираат производите од грозје, нагласи градоначалникот.
Советот, со мнозинство гласови ги изгласа измените и дополнувањата на програмата за одбележување на традиционалната манифестација, на која се очекуваат голем број на посетители. свд/аа/
Фото: МИА