• сабота, 23 ноември 2024

На територија на цела држава изречени 170 казни за брзо возење

На територија на цела држава изречени 170 казни за брзо возење

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Санкционирани се 170 возачи во вчера спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, соопштија од МВР.

Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан