На територија на СВР Штип, 41 казна за брзо возење
- Казнети се 41 возач денеска во времето од 08:00-13:00 на територијата на СВР Штип во спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема
Скопје, 22 октомври 2022 (МИА) - Казнети се 41 возач денеска во времето од 08:00-13:00 на територијата на СВР Штип во спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.
Од нив, 31 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место и 10 во населено место. Како што соопштија од МВР, на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/