• недела, 06 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

На територија на СВР Тетово санкционирани 25 возачи поради возење под дејство на алкохол 

На територија на СВР Тетово санкционирани 25 возачи поради возење под дејство на алкохол 

Скопје, 17 септември 2023 (МИА) – Вкупно 25 возачи, од кои 14 од Тетово, а 11 од Гостивар, се санкционирани заради  управување возило под дејство на алкохол во акциската контрола што синоќа во периодот од 22:00 до 4:00 часот ја спроведоа полициски службеници од СВР Тетово.

Како што информираат од МВР,  кај двајца возачи, по еден од Тетово и Гостивар, се утврдени  над два промили алкохол. 

-Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се законски предвидените поднесоци. При контролата, исто така, се санкционирани и 19 други видови на сообраќајни прекршоци од кои осум на територијата на Тетово, а 11 на Гостивар, соопшти МВР.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан доколку претходно консумирале алкохол, затоа што, посочуваат, алкохолот ја намалува нивната способност за управување и ја доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.вј/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан