• среда, 27 ноември 2024

На територија на СВР Битола изречени 96 казни за сообраќајни прекршоци 

На територија на СВР Битола изречени 96 казни за сообраќајни прекршоци 

Скопје, 31 август 2023 (МИА) - На територија на СВР Битола вчера се санкционирани  96 возачи, меѓу кои 30 мерки за возење повеќе од дозволената брзина и тоа 20 во населено место и 10 надвор од населено место, 23 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно паркирање.

Како што денеска информираа од МВР, изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење, две мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за управување под дејство на алкохол....

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/са/

Фото:МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан