• понеделник, 23 декември 2024

На територијата на цела држава 500 казни за сообраќајни прекршоци

На територијата на цела држава 500 казни за сообраќајни прекршоци

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 14.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, била спроведена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што се изречени 500 санкции за сообраќајни прекршоци, соопштија денеска од МВР.

- При контролата, санкционирани се 29 возачи поради бесправно управување на возилото, 10 возила биле со неисправен уред за сопирање, а 13 за возење без возачка дозвола... На вонреден технички преглед биле упатени 57 возила, а кај 18 биле констатирани технички неисправности, се вели во соопштението.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан