На територијата на цела држава вчера регистрирани 807 сообраќајни прекршоци, од нив 102 за некористење сигурносни појаси
- Во сообраќајни контроли што вчера ги спровеле полициски службеници на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност на МВР, од вкупно 807 издадените прекршочни платни налози, 172 се однесуваат на прекршоците поврзани со безбедносните норми односно неносење сигурносен појас и зборување на мобилен телефон.

Скопје, 14 март 2025 (МИА) - Во сообраќајни контроли што вчера ги спровеле полициски службеници на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност на МВР, од вкупно 807 издадените прекршочни платни налози, 172 се однесуваат на прекршоците поврзани со безбедносните норми односно неносење сигурносен појас и зборување на мобилен телефон.
МВР денеска соопшти дека од вкупниот број прекршоци, 102 биле изречени за некористење сигурносни појаси, а пак 70 платни налози се издадени за говорење на мобилен телефон при возење.
Покрај ова, од вкупната бројка платни налози, 211 прекршоци се однесуваат на неправилното паркирање, 180 - на непочитување на дозволената брзина на движење, како и 67 – за управување на возило без возачка дозвола.
- Во 12 случаи евидентирано е минување на црвено светло, 11- возачи се отстранети од сообраќај заради алкохолизираност, а исто толку мотоциклисти се санкционирани заради неносење заштитен шлем, како и 10 пешаци, соопшти МВР.
МВР уште еднаш, во пресрет на претстојниот викенд, апелира до граѓаните учесници во сообраќајот за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. цр/са/
Фото: МИА архива