• понеделник, 23 декември 2024

На територијата на СВР Куманово 62 санкции за сообраќајни прекршоци

На територијата на СВР Куманово 62 санкции за сообраќајни прекршоци

Скопје, 27 мај 2023 (МИА) - Вкупно 62 возачи се санкционирани  во акциската контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи што денеска  во периодот од 10:30 до 16:30 часот ја спроведоа Секторот за сообраќајни  работи при Одделот за  униформирана полиција - Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

Од нив, како што информираат од МВР,  девет се санкционирани за возење без возачка дозвола, четири за возење моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, осум за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) , осум за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, шест кои што вршат јавен превоз на патници а притоа не поседуваат валидно лекарско уверение... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.вј/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан