• четврток, 05 септември 2024

На „Табановце“ се чека околу 20 минути

На „Табановце“ се чека околу 20 минути

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 20 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан