• сабота, 23 ноември 2024

На средбата на Г-20 во Рио де Жанеиро, Бразил побара реформи на ООН 

На средбата на Г-20 во Рио де Жанеиро, Бразил побара реформи на ООН 

Рио де Жанеиро, 22 февруари 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бразил Мауро Виеира повика на реформи на Организацијата на Обединетите нации и другите мултилатерални институции, критикувајќи ја нивната неспособност да спречат глобални конфликти.

Во  воведниот говор на состанокот на Г-20 во Рио де Жанеиро, со кој Бразил го започна своето годишно претседавање со Групата 20 најголеми економски сили во светот, Виеира оцени пред колегите министри дека Советот за безбедност на ОН не е во состојба да спречи или запре конфликти како актуелните во Украина и во Појасот Газа.

„Мултилатералните институции не се соодветно опремени за да се справат со актуелните предизвици, како што се покажа со неприфатливата парализа на Советот за безбедност во однос на актуелните конфликти“, рече Виеира.

Министрите за надворешни работи на 20 водечки богати и земји во развој оваа недела разговараат за сиромаштијата, климатските промени и засилените глобални тензии, поставувајќи ја агендата за нивната работа што води до Самитот на Г-20 на 18-19 ноември во Рио.

Еден од клучните предлози на Бразил дадени од претседателот Луис Инасио Лула да Силва е реформата на институциите за глобално управување како што се Обединетите нации, Светската трговска организација и мултилатералните банки, каде што тој бара поголема застапеност на земјите во развој. ссм/

фото: ЕПА

 

Тагови

Остани поврзан