• вторник, 24 декември 2024

На социјалните мрежи во Кина се слави победата на Бајден

На социјалните мрежи во Кина се слави победата на Бајден
Лондон, 9 ноември 2020 (МИА) - Корисници на социјалните мрежи во Кина ја слават победата на демократот Џо Бајден на претседателските избори во САД, иако официјален Пекинг сè уште не се огласил, пишува британски „Гардијан“.
Како што се наведува, граѓаните на Кина покажуваат претпазлив оптимизам дека може да има подобри односи меѓу двете суперсили.
На социјалните мрежи, говорот на Бајден беше меѓу најгледаните по прогласувањето на победата, а видеото обележано со хаштаг „Обраќање на Бајден до нацијата“ беше прегледано повеќе од милијарда пати на мрежата Веибо.
„Вака треба да се однесува претседателот. Го погледнав целиот негов говор и тој беше совршен", напиша еден од корисниците на социјалната мрежа.
Други ја поздравија одлуката на Бајден приоритет во неговата работа да биде борбата против Ковид-19.
За време на администрацијата на Трамп, односите меѓу Вашингтон и Пекинг се на најниско ниво, а претставници на невладините организации се надеваат дека администрацијата на Бајден ќе вклучи многу форми на дијалог што ќе ја стабилизира ситуацијата.
Според „Гардијан“, кинеските државни медиуми, кои го опишуваат изборниот систем на САД како катастрофален, објавија за поделба на американското општество. паг/

Остани поврзан