• вторник, 11 март 2025

На Скопје Опен Рамус Г1 2025 најавени 1.000 таеквондисти од целиот свет

На Скопје Опен Рамус Г1 2025 најавени 1.000 таеквондисти од целиот свет

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - Најдобрите таеквондости во светот на крајот на месецот доаѓаат на силен турнир во Скопје.

-Оваа година Скопје Опен прераснува во најголемиот спортски настан во државата. Очекуваме над 1000 натпреварувачи од над 50 држави од цел свет, ќе пристигнат неколку национални тимови на олимписки велесили. Скопје ќе биде центарот на олимпискиот спорт Теквондо, објави градоначалникот на Бутел Дарко Костовски кој е поранешен селектор и тренер на македонската таеквондо репрезентација.

Скопје Опен е во организација на Македонската таеквондо федерација, Таеквондо клуб Бутел и Таеквондо Клуб Рамус-Софија. 

Генерален покровител на овој спортски спектакл е Министерството за спорт.

Скопје Опен е Г1 турнир, меѓународен турнир кој е дел од официјаллниот календар на свестката таекводно асоцијација. Турнир кој носи бодови за остварување на олимписка норма.

Турнирот ќе се одржи на 29 и 30 март во големата сала на СРЦ „Јане Сандански“. 

На турнирот ќе учествува и македонската репрезентација предводена од сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски. зс/

  

Остани поврзан