• понеделник, 22 јули 2024

На Реал му беше понудено да го ангажира Икарди, клубот одби

На Реал му беше понудено да го ангажира Икарди, клубот одби

Мадрид, 26 ноември 2023 (МИА) - Реал Мадрид нема да го ангажира напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди.

Претходно се појави информација дека Реал Мадрид е заинтересиран за 30-годишниот Аргентинец поради повредата на крилниот напаѓач Винисиус Жуниор.

Според новинарот на „Атлетик“, Гиљермо Раи, кој е специјализиран за мадридскиот клуб, на Реал Мадрид му било понудено да го ангажира Икарди, но агентот на играчот јасно ставил до знаење дека „бланкосите“ не се заинтересирани за трансферот.

Агентот на Икарди, Елио Летерио Пино изјави дека разговарал со Реал Мадрид, но нема никакви понуди за Икарди, ниту официјална, ниту неофицијална. 

Во тековната сезона Мауро Икарди постигна 16 гола на 21 настап за клубот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан