• сабота, 25 јануари 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

На протестите во Тбилиси приведени 224 лица

На протестите во Тбилиси приведени 224 лица

Тбилиси, 2 декември 2024 (МИА) – Вкупно 224 лица се приведени на протестите одржани во Тбилиси изминатите денови поради „ситно хулиганство, отпор и непослушност кон полицијата“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Грузија.

Во соопштението се наведува дека се приведени три лица осомничени дека нападнале полицајци при вршење на службената должност и со палење предизвикале материјална штета и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

- Како резултат на незаконските и насилни дејствија на учесниците на синоќешниот собир повредени се 21 вработен во МВР. Некои жртви се здобиле со тешки телесни повреди на главата, лицето и телото. Во последните дејствија нарушено им е здравјето на вкупно 113 службеници на МВР, од кои четворица се уште се во медицински установи, се наведува во соопштението.

Грузиското МВР истакнува дека и покрај постојаните предупредувања, за време на протестот некои учесници ја оштетиле зградата на Парламентот и инфраструктурата лоцирани на авенијата Руставели. јт/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан