• петок, 27 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

На првиот ден од Шарпланинскиот куп победи Константин Стоилов од Бугарија

На првиот ден од Шарпланинскиот куп победи Константин Стоилов од Бугарија

Тетово, 26 февруари 2025 (МИА) - Скијачот од Бугарија, Константин Стоилов (роден 2002 година) беше најбрз на двете денешни трки во слалом во рамки на 41-то издание на Шарпланинскиот куп. Тој двете трки ги извози со вкупно време од 1 минута 32 секунди и 76 стотинки. Второто место и третото место исто така ги освоија скијачи од Бугарија, Марко Семерџиев (2005) со време од 1:34:04 и Иван Главчев (2004) со 1:34:83.

Од македонските скијачи најдобро време во двете трки имаше Мирко Лазарески (2003) кој го освои четвртото место место. Двете трки ги завршија вкупно 15 скијачи.

Во женска конкуренција победничка е Лирика Дева (родена 2006 година) од Косово која за двете трки имаше вкупно време од 1 минута 46 секунди и 41 стотинка.

Второто место го освои Миа Паул (2007) од Бугарија, додека третата позиција ја освои Арба Пуповци (2004) од Косово.  Покрај трите првопласирани во женскиот слалом настапија уште две скијачки од Македонија. Ева Милевска (2007) е дисквалификувана во втората трка, а Марија Јовановска (2008) не ја заврши првата трка.

Настапија вкупно 37 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Грција, Романија, Косово и Кипар. Утре исто така ќе се натпреваруваат во слалом. Овогодишното издание на Шарпланински куп се одржува по 12 години пауза од 2013 година. ас

Фото: Шарпланински куп

Остани поврзан