• петок, 05 декември 2025

На патот Отешево - Сирхан поради одони сообраќајот се одвива во една лента

На патот Отешево - Сирхан поради одони сообраќајот се одвива во една лента

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на пат, сообраќајот се одвива во една сообраќајна лента, информира вечерва АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан