• недела, 22 декември 2024

На патеката кон Пониква се возеше ридско-брзинската трка од Државниот шампионат во автомобилизам

На патеката кон Пониква се возеше ридско-брзинската трка од Државниот шампионат во автомобилизам
Кочани, 9 мај 2021 (МИА) – На патеката кон Пониква денеска се одржа ридско-брзинската трка „Пониква 2021“, што се возеше во рамки на Државниот шампионат во автомобилизам и ФИА - Централна европска зона. На натпреварот учествуваа 25 домашни возачи, како и двајца гости од Полска и Косово, кои беа поделени во пет класи и возеа две трки. Во категоријата, Е1 до 1200 кубни сантиметри, победник беше Христаки Давитковски од авто-клубот „Фичо 600“, а неговиот клупски колега Донче Иванов беше најбрз во категоријата Е1 до 1400 кубни сантиметри. Патеката долга 5,91 километар во категоријата Е1 до 1600 кубни сантиметри, најбрзо ја помина Слободан Трајковски од авто-клубот „АКК Перформанс“, а Димитриј Кимовски од истиот клуб со своето возило „Хонда“ победи во класата Е1 до 2000 кубни сантиметри. Веднаш зад него се најде кочанецот Дејан Манасиев со засотанување од 11 секунди. Во категоријата Е1 + 2000 кубни сантиметри најбрз беше Грегорз Дуда, од Полска, кој имаше и најдобар групен пласман со оглед што првата трка патеката ја помина за три минути, 24 секунди и 94 стотинки. Организатор на ридско-брзинскиот натпревар „Пониква 2021“ беше АКК „Перформанс“ од Скопје, со поддршка на Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ). Според календарот на АФМ, годинава на патеката кон Пониква ќе се вози уште една ридско-брзинска трка, а се планира да се одржи во септември.та/са/

Остани поврзан