• недела, 22 декември 2024

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам
Кочани, 5 септември 2021 (МИА) - На патеката кон рекреативниот центар Пониква на Осоговските Планини денеска се возеше втората ридско-брзинска трка од Државниот шампионат во автомобилизам што се бодува и за ФИА - зона на Централна Европа. На релито учествуваа десет возачи во пет натпреварувачки класи од исто толку домашни авто-клубови, како и двајца гости од Полска. Во класите Е1-1200 и Е1-1400 се натпреваруваа само Христаки Давитковски и Донче Иванов од АКК „Фичо 600“ и успешно го завршија настапот. Кај возачите во класата Е1-1600 најбрз беше Слободан Трајковски од АКК „Перформанс“ со возилото „застава југо“, а неговиот клупски колега Димитриј Кимовски со „хонда сивик“ победи во класата Е1-2000. Полјакот Грегорж Дуда со „хјундаи и20“ беше победник во најсилната класа Е1 +2000 и патеката долга 5,9 километри ја помина за три минути 29 секунди и 70 стотинки, со што оствари најдобар пласман на натпреварот. Организатор на трката беше АКК „Перформанс“ од Скопје, со поддршка од Автомобилистичката федерација на Македонија. та/мс/

Остани поврзан