• сабота, 23 ноември 2024

На околу 500 ученици поделени свидетелства за завршено деветто одделение во Кисела Вода

На околу 500 ученици поделени свидетелства за завршено деветто одделение во Кисела Вода
Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) - Свечено доделување на свидетелства денеска се одржа во дворовите на основните училишта во надлежност на Општина Кисела Вода, со запазување на препораките за заштита од вирусот КОВИД-10. Во општинските основни училишта: „Невена Георгиева-Дуња“, „Рајко Жинзифов“, „Кузман Шапкарев“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Св. Климент Охридски“, „Круме Кепески“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Партенија Зографски“, наставниот кадар на околу 500 ученици им подели свидетелства за завршено деветто одделение. -Учениците во текот на школувањето, благодарение на своите наставници, имаа можност да се стекнат со знаења од повеќе области. Тие научија многу работи, кои ги применуваат во секојдневниот живот, велат од општина Кисела Вода. Оттаму информираат дека при доделувањето на свидетелствата биле запазени сите препораки за заштита на здравјето од вирусот КОВИД-19. Општина Кисела Вода на полуматурантите им посакува успешно и среќно продолжување на средното образование. ир/лв/

Остани поврзан