• понеделник, 30 септември 2024

На МВС испечени првите чоколадни колачиња

На МВС испечени првите чоколадни колачиња
Хјустон, 27 јануари 2020 (МИА) - Астронаутите на Меѓународната вселенска станица (МВС) ги испекоа првите вселенски чоколадни колачиња. Колачињата потоа биле спакувани во посебни вреќички за печење, и биле вратени на Земјата на 7 јануари. Се работи за експеримент чиј цел бил проучување на можностите за готвење на подолготрајни патувања. Испитувањата ги извршија астронаутите Лука Пармитано и Кристина Коч. Резултатите се објавени минатата седмица. Целта на експериментот е практична примена на подолгите вселенски мисии. Колачињата за печење ги подготви компанијата Дабл три, која потврди дека ќе ги објави и конечните резултати на експерименти. Се планира и сочувување и изложување на колачињата, за луѓето да можат да ги видат и дознаат повеќе за испитувањата. си/сд/

Остани поврзан