• среда, 24 јули 2024

На крводарителска акција во Делчево собрани 63 крвни единици

На крводарителска акција во Делчево собрани 63 крвни единици
Делчево, 5 мај 2022 (МИА) - На крводарителска акција во Делчево која денеска ја организираше Општинската организација на Црвениот крст, хуманите граѓани подарија 63 крвни единици. Оваа бројка, како што истакна организациониот секретар на Црвниот крст, Ивана Ангеловски се придодава на веќе собраните над 300 крвни единици во првиот квартал од годината. - За нас е важно таквиот тренд да продолжи, се со цел да имаме добра динамика на остварување на зацртаниот план во однос на крводарувањето. Во таа насока се заблагодарувам што и денес крводарителите беа активни учесници во тој процес, рече Ангеловски. Еден од крводарителите кои активно учествуваат во крводарителските акции е и Петарчо Николовски од делчевското село Тработивиште. - Редовно дарувам крв, отприлика трипати годишно. Добро е чувството и препорачувам и на помладите и оние кои се чувствуваат здрави да искусат како е да се дарува крв, рече Николовски. Следната акција во Делчево е закажана за почетокот на месец јуни годинава кога е планирана акција и со жителите на Македонска Каменица. вс/сп/

Остани поврзан