На косовскиот претседател му е извршена хируршка интервенција
- На претседателот на Косово Хашим Тачи денеска му е извршена хируршка интервенција на Клиниката за урологија при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, откако од пред три дена му се пој
Приштина, 23 април 2020 (МИА) – На претседателот на Косово Хашим Тачи денеска му е извршена хируршка интервенција на Клиниката за урологија при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, откако од пред три дена му се појавија проблеми поради камења во бубрег, јави дописникот на МИА од Приштина.
Кабинетот на Тачи соопшти дека тој е опериран попладнево, дека операцијата била успешна и моментално е под надзор на лекарите во државната болница во Приштина.
- На претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, денеска му беше извршена ендоуролошка хируршка интервенција на Клиниката за урологија во Клиничко-универзитетската болничка служба на Косово. Операцијата беше успешна и претседателот е под постојан надзор на професионалниот лекарски персонал, се вели во соопштението на службата за информирање на Претседателството.
Во него се додава дека, по операцијата, Тачи им изразил благодарност за грижата и професионалниот однос на персоналот на Клиниката и на болничкиот центар. иа/