• среда, 27 ноември 2024

На Кипар потврдени два случаи на варијантата Делта плус

На Кипар потврдени два случаи на варијантата Делта плус
Никозија, 25 октомври 2021 (МИА) – Два случаи на Делта плус, новата варијанта на Ковид-19 се потврдени на Кипар, по анализите на позитивните случаи за периодот септември- октомври, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Кипар соопштија дека од 279 анализирани примероци, кај сите била потврдена варијантата Делта, а при дополнителна анализа биле откриени случаите на Делта плус. - Иако карактеристиките на мутацијата Делта плус (AY.4.2) покажуваат дека ја зголемува преносливоста на вирусот, нивното откривање на Кипар, во оваа фаза, не предизвика сериозно влошување на епидемиолошките и болничките индикатори, соопшти  Министерството за здравство на Кипар, додавајќи дека внимателно го следат прашањето за новите варијанти на вирусот. Според светските медиуми, Делта плус сојот го има во Велика Британија, а мал број случаи се регистрирани и во Данска, Германија, САД, Израел и во Русија. ср/ми/

Остани поврзан