На Кипар позитивни 30 лица кои допатувале од странство, од кои 17 од грчкиот остров Миконос
- Министерството за здравство на Кипар денеска ги соопшти резултатите од тестовите наравени на аеродромите, како кај кипарски државјани кои пристигнале од странство или кај туристи кои допатува
Атина, 24 август 2020 (МИА) - Министерството за здравство на Кипар денеска ги соопшти резултатите од тестовите наравени на аеродромите, како кај кипарски државјани кои пристигнале од странство или кај туристи кои допатувале во земјата и потврдени се 30 позитивни случаи, од кои 17 биле од грчкиот остров Миконос, јави дописничката на МИА од Атина.
Позитивните случаи се од направени вкупно 346 тестови во текот на изминатиот викенд, а освен 17-те случаи од Миконос, од кои повеќето се кај патници кои што се меѓусебно поврзани, останатите десет се од лет од Амстердам, а три од Лондон. ср/