• петок, 27 декември 2024

На Исланд поради Ковид-19 се затвораат баровите, вежбалниците и објектите за забава

На Исланд поради Ковид-19 се затвораат баровите, вежбалниците и објектите за забава
Рејкјавик, 5 октомври 2020 (МИА) - Исланд нареди затворање на баровите, вежбалниците и објектите за забава и драстично го намали бројот на собири во јавност со цел да го спречи неодамнешниот пораст на инфицирани луѓе со Ковид-19. - Од денеска ќе биде дозволено собирање до 20 луѓе, со исклучок на судовите, Парламентот и универзитетите, се наведува во соопштението на исландското Министерство за здравство. Претходно беа дозволени собири до 200 луѓе. Во сила останува физичката дистанца од еден метар, додека јавните базени ќе работат со половина капацитет. ми/

Остани поврзан