• четврток, 07 ноември 2024

На Инфективното одделение во Дебар хоспитализирани 13 пациенти со Ковид-19

На Инфективното одделение во Дебар хоспитализирани 13 пациенти со Ковид-19
Дебар, 27 јануари 2021 (МИА) - Во Дебар денеска по неколкудневно затишје е регистрирана висока бројка на новозаразени со Ковид-19, но, константна е бројката на хоспитализирани на Инфективното одделение во Општата болница. - Денеска имаме 12 новозразени, но, за среќа, и осум оздравени. Вчера во списокот на оздравени беа внесени 20 пациенти, со што моментно активни на болеста се 92 лица. Од нив, на Инфективното одделение хоспитализирани се 13 пациенти, сите на кислородна поддршка и во стабилна состојба. Оваа бројка на пациенти е речиси константна во последните две недели, изјави директорот на дебарската болница, Баки Халили за МИА. Халили додава дека амбулантски во одделението се третираат четири лица, тројца се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје, додека останатите се лекуваат во домашни услови. Тој посочи дека денеска се доставени нови дваесеттина брисеви за кои се чека резултат. - Со подобрување на временските услови ќе се продолжи со подготвителните работи на теренот за поставување на модуларната болница, која ќе биде подигната во дворот на болницата. Објектот ќе располага со површина од 240 квадратни метри. Ќе работи како тријажен центар со соодветна лабораторија и други простории, рече Халили. Во Дебар, вклучително и општина Центар Жупа, вкупната бројка на заразени е 753, а како последица на опасниот вирус починаа 32 паценти. вт/ар/

Остани поврзан