• сабота, 23 ноември 2024

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 310 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 310 пациенти, слободни кревети има
Скопје, 23 јануари 2021 (МИА) - Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 310 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство. Од Министерството за здравство наведоа дека според извештаите на болниците кои пристигнуваат во кај нив на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 20 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19, во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29 во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациенти, во Кочани 1 во Кичево 15, Кавадарци 17, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. - Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 584 и има околу 590 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, истакнаа од МЗ. Имено, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството, како што посочија, има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.см/цр

Остани поврзан