• среда, 25 декември 2024

На Економскиот форум утре ќе бидат потпишани договори за имплементација на мобилноста на луѓе, стоки и услуги

На Економскиот форум утре ќе бидат потпишани договори за имплементација на мобилноста на луѓе, стоки и услуги
Скопје, 28 јули 2021 (МИА) - На утрешниот економски форум, што ќе се одржи во Скопје, ќе бидат потпишани неколку договори и во суштина ќе почне практичната имплементација за мобилност на луѓето и на стоки и услуги, за побрза мобилност, а ќе биде потпишан и договорот за заедничко управување со кризни ситуација и реакции во моменти на криза, информираше денеска на прес-конференција заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Тој нагласи дека утре е почетокот на иплементација на она за што се зборува неколку години во рамки на Берлинскиот процес и на она што беше заедничка агенда, а тоа е овозможување и креирање на регионалниот пазар, затоа што, како што потенцира, само регионалната соработка значи поголема регионална конкурентност. - Границите лесно се поставуваат, но отстранување на границите е тежок процес. За жал, ние бевме сведоци на тоа, требаше веројатно година дена да се постават границите, а 30 години да се отстратнат бариерите за слободна трговија. Секако и со Берлинскиот процес, со иницијативата за заеднички регионален пазар, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање дали утрешниот Форум ќе придонесе да се подобрат бизнис условите. цр/сп/

Остани поврзан