• вторник, 17 декември 2024

На Денот на единството, Путин изјави дека Крим засекогаш ќе биде дел од Русија

На Денот на единството, Путин изјави дека Крим засекогаш ќе биде дел од Русија
Москва, 4 ноември 2021 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска на Крим, каде што беше по повод Денот на националното единство, изјави дека областа секогаш ќе биде дел од Русија. Русија го анектира Крим во 2014 година, по соборувањето на прорускиот претседател на Украина, а западните земји го сметаат овој потег за нелегитимен. Како што пренесе Бета, Путин денеска во Севастопол, каде се наоѓа руската Црноморска флота, ја пофали анексијата. - Нашата земја го врати своето историско единство. Оваа жива и нераскинлива врска особено се чувствува, се разбира, овде во Севастопол на Крим, рече Путин. - Тие се сега засекогаш со Русија, тоа е суверена, слободна и непоколеблива волја на народот, на целиот наш народ, рече тој. Денот на националното единство е основан во спомен на протерувањето во 1612 година на полско-литванските сили кои ја окупирале Москва. Се слави од 2005 година, наместо празникот посветен на болшевичката револуција. Денот беше и можност за националистички антиимигрантски маршеви, но московските власти забранија вакви собири во главниот град оваа година. јт/

Остани поврзан