• среда, 27 ноември 2024

На денешен ден

На денешен ден
10 февруари 2020 (МИА) 1258.- Тамерлан го зазел Багдад. Монголците тогаш го разориле древниот град при што убиле околу 10.000 жители. 1502.- Португалскиот морепловец Васко де Гама тргнал од лисабонското пристаниште на второто патување за Индија. Пет години порано Васко де Гама го откри овој пат, пловејќи околу 'ртот Добра Надеж. 1515.- Во Софија, Ѓорѓи Кратовски, христијански светец, поради одбивање да го прими исламот, жив бил изгорен од страна на турската власт.  По неговата смрт бил прогласен за светец од страна на Синодот на Охридската архиепископија, како и од Руската, Бугарската и Српската православна црква. Роден бил во Кратово, во 1497 година. 1837.- Во Петроград, од раните здобиени во двобојот со францускиот авантурист Дантес, умрел Александар Сергеевич Пушкин, еден од најголемите руски и светски писатели. Лириката му се одликува со совршеност и со крајна едноставност на изразот. Најпознати дела: „Евгениј Онегин, „Борис Годунов“, „Пиковата драма“, „Капетановата ќерка“ и други. Роден бил во Москва, на 6 јуни 1799 година. 1879.- Отворено било заседанието на првото бугарско собрание по ослободувањето на земјата, во Велико Трново, стара средновековна престолнина на Бугарија. 1890.- Во Москва е роден Борис Леонидович Пастернак, руски писател. Познати негови дела се „Збирка стихови без бариери“, „Теми и варијации“, романот „Д-р Живаго“ и други. Во 1958 година ја добил Нобеловата награда за литература. Умрел во Переделкино, на 30 мај 1960 година. 1894.- Роден е англискиот државник и публицист Морис Харолд Макмилан, премиер на Велика Британија од 1957 до 1963 година. Претходно во кабинетите на конзервативците бил државен потсекретар, министер за авијација, за станбени прашања, одбрана, финансии и за надворешни работи. Дела: политички акти „Среден пат“, „Економски аспекти на одбраната“, мемоари за Втората светска војна „Ветрови на промени“, „Избувнување на војна“, „Плима на среќата“. 1898.- Роден е германскиот писател Бертолд Брехт. Негови најпознати дела се "Бал", "Мајката Коураж и нејзините деца", "Просјачки роман" и "Добриот човек од Шеуан". 1903.- Во селото Крушево, Демирхисарско, егејскиот дел на Македонија, излегол првиот број на весникот „Слобода или смрт“. Го подготвувал Пеју Јаворов. Весникот имал цел да ги одреди задачите и павецот на претстојното востание во Македонија. На 12 април истата година излегол последниот, дванаесетти број. 1912.- Умрел англискиот хирург Џозеф Листер, основач на антисептичката медицина, кој во 1867 година прв ја вовел во хирургијата. 1918.- Умрел италијанскиот новинар и пацифист Ернесто Теодоро Монета, добитник на Нобеловата награда за мир во 1907 година. Бил директор на миланскиот весник „Il Secolo“ и претседател на Меѓународниот конгрес за мир во Милано во 1906 година. 1923.- Во Минхен умрел Белхелм Конрад Рендген, германски физичар. Ги открил „икс“ зраците, подоцна наречени „рендгенски“ и за тоа откритие ја доби Нобеловата награда за физика. Роден бил во Ленеп, на 27 март 1845 година. 1942.- Глен Милер, прочуениот американски џез-музичар станал првиот сопственик на „златната плоча“ со продадени милион примероци од песната „Chattanooga“. 1848.- Умрел рускиот филмски режисер Сергеј Михајлович Ејзенштејн, еден од најголемите теоретичари и стилисти во светот на филмот. Тој ги поставил основите на филмската уметност и според мислењето на многу историчари и филмски критичари најголем режисер во историјата на филмот. Дела: „Штрајк“, „Октомври“, „Старо и ново“, „Сентиментална романса“, „Да живее Мексико“, „Александар Невски“, „Иван Грозни“, книги: „Филмско чувство“, „Филмски облик“. 1996.- Компјутерот наречен „Длабоко сино“, влегол во шаховската историја со победата врз светскиот првак Гари Каспаров. 1998.- Умрел Морис Шуман, творецот на проектот за унија на европските држави, познат како „Шуманов план“, кој своевремено бил шеф на француската дипломатија. 2004.- Француското собрание забрани во државните училишта да се истакнува верската припадност, вклучувајќи го и носењето облека која го означува религиското верување. 2005.- Во Њујорк умрел Артур Милер, еден од најголемите американски и светски драмски писатели. Познати негови дела се „Вештерките од Салем“, „Поглед од мостот“, „Последниот Јенки“, „Смртта на трговскиот патник“. Роден е во Њујорк, во 1915 година. 2005.- Во Саудиска Арабија одржани бил локални избори, први во историјата на оваа исламска апсолутистичка монархија, а право на глас имале само мажите постари од 20 години. 2006.- Умрел францускиот фармацевт и хемичар Пјер Потије, раководител на истражувањата кои резултирале со производство на еден од најкористените антиканцерогени лекови на светот „таксотера“. 2014.- Холивудската филмска ѕвезда Ширли Темпл починала на 86 години во својот дом во Калифорнија. Била и амбасадор на САД во Гана и во поранешна Чехословачка. Филмската кариера ја почнала на три години, а веќе во 1934 година се прославила со улогата во остварувањето „Bright Eyes“, кој е пишуван за неа и прилагоден според нејзините таленти. Во 1935 година добила специјален „Оскар“ кога имала само шест години. Таа е најмладата личност која ја добила таа награда од Академијата за филм. Играла во вкупно 43 филмови. Од филмскиот живот се повлекла во 1950 година. Темпл била родена на 23 април 1928 година.  ###

Остани поврзан