На граничните премини нема подолги задржувања
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Скопје, 30 април 2022 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево. мд/мч/