• сабота, 23 ноември 2024

На граничниот премин Долно Блаце уапсено лице од Норвешка по потерница од Интерпол

На граничниот премин Долно Блаце уапсено лице од Норвешка по потерница од Интерпол

Скопје, 25 јуни 2023 (МИА) - На граничен премин „Долно Блаце“ вчера напладне од полициски службеници е лишен од слобода Б.M.(43) од Норвешка, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси”, издадена од Секторот за меѓународна полициска соработка - Интерпол.

За случајот е известен Јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за понатамошна постапка, соопшти МВР. ев/

ФОТО: МИА Архива

Остани поврзан