• петок, 08 ноември 2024

На Градскиот пазар во Градско утре продажба само на зеленчук и овошје

На Градскиот пазар во Градско утре продажба само на зеленчук и овошје
Велес 3 април 2020 МИА - Поради состојбата со коронавирусот и зголемената потреба од снабдување со прехрамбени продукти на населението Општинскиот кризен штаб на Општина Градско одлучи од утре па натаму во саботите додека трае вонредната состојба, Градскиот пазар во Градско да работи само во саботите и тоа само како „зелен пазар“, односно да се продава само зеленчук и овошје. Како што информираат од Општина Градско, на тезгите кој ќе бидат на растојание на 20 метри една до друга ќе се продава само зеленчук, овошје и прехрамбени продукти. Пазарот ќе работи секоја сабота како „зелен пазар“ и ќе се воведе задолжителна редарска служба. Продавачите задолжително ќе мораат да носат ракавици и заштитни маски и да има два метра растојание меѓу нив и купувачите. По завршување на работниот ден задолжително ќе се дезинфицира целата површина на пазарот. Кризниот штаб одлучи на неколу тезги од пазарот во Градско секојдневно да биде дозволено да се продава зеленчук, овошје и прехрамбени продукти. ад/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан