• сабота, 23 ноември 2024

На ГП „Табановце“ се чека околу два часа, на ГП „Богородица“ од 15 до 30 минути

На ГП „Табановце“ се чека околу два часа, на ГП „Богородица“ од 15 до 30 минути
Скопје, 11 август 2022 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини вечерва е зголемен. На ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу два часа, а на ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/лв/

Остани поврзан