• четврток, 26 декември 2024

На велешките земјоделци им се делат картички за „зелена нафта“

На велешките земјоделци им се делат картички за „зелена нафта“
Велес, 1 ноември 2022 (МИА) - Во Подрачната едница (ПЕ) на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Велес од минатата среда на земјоделците од Општина Велес, Градско и Чашка им се делат картичките за „зелена нафта“. Како што информираат за МИА од ПЕ, пристигнати се 1 634 картички од кои дел се веќе поделени. Се очекуваат од МЗШВ уште „зелени картички“ за оние земјоделци што сега не се на списокот, а аплицирале за ваков вид субвенција за 2021 година. Земјоделците можат непречено, секој работен ден, од понеделник до петок, да ги подигнат картичките од 09:00 до 15:00 часот во Подрачната единица. Од таму појаснуваат дека финансиската поддршка на картичката за нафта зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои земјоделците аплицирале за субвенции во 2021 година. ад/мч/

Остани поврзан