• понеделник, 23 декември 2024

На атлетскиот „Куп на Македонија“ во пионерска конкуренција поставени два рекорда

На атлетскиот „Куп на Македонија“ во пионерска конкуренција поставени два рекорда
Скопје, 4 октомври 2021 (МИА) - Над 130 деца беа дел од „Купот на Македонија“ за пионери/ки кои викендов се одржа на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Учество земаа атлетичари/ки до 16 години и помлади. Ова натпреварување беше од екипен карактер. Поставени се рекорди и тоа во две женски дисциплини. Теа Алексовска (родена 2006 година) од АК Куманово постави рекорд во дисциплината фрлање на диск, оствари резултат од 38,02 метри. Вториот рекорд и припадна на Јумна Фетаху (роден 2008 година) од АК 7 Мај, во фрлање на ѓуле оствари резултат од 10,47 метри. Севкупен победник е АК Работнички, освои 38 бодови во машка конкуренција, додека 44 бода во женска конкуренција. На второто место во двете категории се најде Лирија. зс

Остани поврзан