• сабота, 27 јули 2024

На Алјаска се разгледува контроверзно прашање за уривање на статуата на Баранов

На Алјаска се разгледува контроверзно прашање за уривање на статуата на Баранов
Вашингтон, 30 јуни 2020 (МИА) - Властите на американскиот град Ситка, сојузна држава Алјаска, ќе одлучуваат за судбината на статуата на основачот на градот Александар Баранов, во јули или во август, изјави синоќа градоначалникот Гери Пакстон, јави Спутник. Група локални активисти, пред сè претставници на домородното индијанско племе Тлингит, бараат уривање на споменикот на Баранов, повикувајќи се на угнетувањето за време на колонизацијата на Алјаска, чија територија во 18 и 19 век потпаѓала под Царска Русија, јави известувачот на МИА од САД. Баранов ја основал Ситка во 1799 година (градот тогаш се нарекувал Ново-Архангелск) како престолнина на руските колонии во Северна Америка. - Очекувам градското собрание да донесе решение во јули или август, во транспарентен и позитивен, конструктивен граѓански процес и испочитувани барањата на сите страни, со почит кон нашата историја, изјави Пакстон синоќа. Статуата предизвикала контроверзии уште од нејзиното поставување во 1989 година. Но, како што укажа директорот на Историски музеј на Ситка, „историјата не може да се избрише, настаните се случиле. Најважно за нас е да известиме што точно се случило, и да учиме од историјата“. Градот е лоциран на островот Баранов, именуван во чест на гувернерот на ентитетот што тогаш се нарекувал Руска Америка. Рускиот општински совет, оранизација на руската дијаспора во САД, вчера започна онлајн петиција за собирање потписи против уривање на статуата, повикувајќи се на „богатата историја на Алјаска“ и дека чекорот би бил „голем удар на руското американско наследство и меѓуетничките ангажмани“. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во петокот потпиша извршна наредба за заштита на спомениците во земјата што станаа цел на напади од страна на протестанти, по протестните акции во текот на цел месец, во многу случаи и насилни, откако, Афроамериканецот Џорџ Флојд беше усмртен за време на полициска акција во Минеаполис која се случи на 25 мај. Според наредбата на Трамп, оние кои уништуваат и вандализираат споменици се соочени со казна затвор во траење од 10 години. За можното уривање на споменикот на Баранов на Алјаска синоќа реагираа и од Кремљ. кб/

Остани поврзан