• вторник, 24 декември 2024

На аеродромот во Тирана лани минале 5,2 милиони патници

На аеродромот во Тирана лани минале 5,2 милиони патници

Тирана, 9 јуни 2023 (МИА) - Премиерот Еди Рама објави дека меѓународниот аеродром во Тирана е единствениот аеродром во Европа што  100-отстотно го надминал закрепнувањето по пандемијата.

За време на инаугурацијата на компанијата „Рајанер“ (Ryanair) на аеродромот „Ринаси“, премиерот ги предочи податоците на Европската авијација, која го рангира овој аеродром како прв во Европа по овој показател.

-Минатогодишната бројка беше 123 отсто плус. Вториот аеродром беше тој во Истанбул со 92 отсто и потоа доаѓаат другите, рече Рама.

Рама, исто така, го изнесе фактот дека на аеродромот во Тирана во текот минатата година имало 5,2 милиони патници, бројка „незамислива до пред неколку години“.

-Оваа година нашата проекција е 6,5 милиони патници, додека амбицијата на компанијата е да достигне седум милиони. Бројката од 5,2 милиони патници минатата година беше целта во 2027 година и тоа ете беше постигнато пред тоа. Верувам дека целта од 10 милиони туристи ќе се постигне за многу кратко време, а не во 2030 година, рече Рама.

На меѓународниот аеродром во Тирана деновиве заврши имплементацијата на проектот за проширување на капацитетите, како и целосна трансформација на целиот простор, според истите стандарди како аеродромските инфраструктури во развиените земји во светот. Со досегашните инвестиции, аеродромот е целосно подготвен за да прими околу 10 милиони патници. вт/сд/

Остани поврзан