• сабота, 21 декември 2024

На аеродромот во Скопје пристигна првата група граѓани од Авганистан

На аеродромот во Скопје пристигна првата група граѓани од Авганистан
Скопје, 30 август 2021 (МИА) – Доцна вечерва на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна првата група граѓани од Авганистан. Тие ќе бидат пречекани од министерот за надворешни работи Бујар Османи, заменик амбасадорот на САД во земјава и советници од Кабинетот на премиерот Зоран Заев. Црвениот крст ќе биде првиот контакт за граѓаните кои стигаат од Авганистан, МВР ќе ги спорведе сите безбедносни проверки, а Министерството за здравство ќе обезбеди ПЦР тест и можност за вакцина. По пристигнувањето на Авганистанците ќе им бидат поделени пакети со храна и со автобуси ќе бидат однесени на здравствени прегледи. Според информациите од Владата вечерва се очекува да пристигнат 149 граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации. -Станува збор за граѓани кои беа животно загрозени од талибанските структури и на кои им помагаме да си го спасат животот. Тоа се граѓани кои 20 години работеа за демократските институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан, велат од Владата. На граѓаните од Авганистан, кои имаат статус на лица со привремен престој им се издава виза за привремен престој од 90 дена, а потоа треба да заминат на друга безбедна дестинација или во САД.ев/дма/

Остани поврзан