Наџиб Микати останува премиер на Либан, економската криза продлабочена
- Премиерот на Либан, Наџиб Микати денеска доби поддршка од повеќе од 50 пратеници да остане на таа позиција по парламентарните избори во мај и во време кога економската криза во земјата е прод
Бејрут, 23 јуни 2022 (МИА) - Премиерот на Либан, Наџиб Микати денеска доби поддршка од повеќе од 50 пратеници да остане на таа позиција по парламентарните избори во мај и во време кога економската криза во земјата е продлабочена, а решение не е на повидок.
По консултациите меѓу либанскиот претседател Мишел Аун и парламентарните блокови, 54 пратеници го поддржаа Микати, неговиот главен ривал доби половина од поддршката, додека 46 членови на парламентот не предложија никого.
Главната задача на новата влада ќе биде да ги продолжи преговорите со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за економски план за Либан, соочен со најтешката економска и финансиска криза во модерната историја.
Како што пренесуваат локалните медиуми, кризата е последица на децениската корупција и лошото владеење и само се продлабочува бидејќи не се преземаат сериозни чекори за нејзино надминување. Економијата е во опаѓање, прекините на струја траат поголем дел од денот и повеќето луѓе немаат пристап до заштеди во банките.
По изборот, Микати рече дека „нема можност за спас“ доколку нема договор со Меѓународниот монетарен фонд, но најави дека нема да се дозволи колапс на Либан. паг/