• вторник, 24 декември 2024

Наќе Чулев за набавката на софтверот од страна на Рашковски: Не е прашано МВР и таков систем не е стигнат во МВР, ниту пак Владата донела одлука

Наќе Чулев за набавката на софтверот од страна на Рашковски: Не е прашано МВР и таков систем не е стигнат во МВР, ниту пак Владата донела одлука
Скопје, 9 март 2021 Почитувани граѓани, во врска со случајот за набавка на софтвер за детектирање на сообраќајни прекршоци, со оглед дека беше споменато и Министерството за внатрешни работи во периодот кога раководев со истото, а со цел прецизирање на работите и утврдување на вистинската фактичка состојба, сакам да ја информирам јавноста за следното: Во периодот додека ја извршував функцијата министер за внатрешни работи во ниту еден момент не бев информиран дека Генералниот секретеријат на Владата извршил набавка на софтвер за детектирање на сообраќајни прекршоци, ниту пак е побарано од МВР спецификација за набавка на ваков софтвер, проблематика која е единствено во делокругот на надлежности на МВР, а не на други институции. Никаков софтвер не е примен во МВР во периодот додека бев министер. Уште повеќе, никогаш на Влада или на било каква владина работна група не е дискутирано или имало било каква координација за законски промени со цел примена на наведениот софтвер. Ниту тогашниот премиер, ниту генералниот секретар или било кој друг не ме информирале дека ваков софтвер е набавен. Не ми е јасно зошто Генералниот секретеријат спровел набавка на вакво софтверско решение, со оглед дека Министерството за внатрешни работи, раководено од тогашниот министер, Оливер Спасовски, во истиот период спроведува постапка за набавка на хардверско и софтверско надградување на проектот "Безбеден град", кое вклучува и софтвер за сообраќајни прекршоци, посебно ако се има предвид дека производителот и одржувач на "Безбеден град" со кој МВР има склучен договор, не дозволува инкорпорирање на надворешни софтверски решенија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан